Во прилог конкретно на што се однесуваат барањата како и релевантни информации на истите.
1. Покрај иницијалното барање за намалување на цените, апелираме да се продолжи мерката за субвенции за меѓуградски превоз според која за време на изминатата година студентите добиваа до 1200 денари месечно со цел набавка на билет за меѓуградски превоз.
А доколку не е возможно продолжување на исплата на истата мерка, во тој случај сметаме дека е потребно да се воведи мерка за намалување на цените на билетите во меѓуградскиот превоз за студенти. Со ваквата мерка не само што ќе се зголеми студентскиот стандард, туку и ќе претставуа и поголема мотивација за средношколците да се одлучат за студии во друг град, а и постоечките студенти да патуваат во други градови и да ја истражат својата земја.
Напоменуваме дека ваквата мерка е веќе присутна и во Националата стратегија за млади 2023-2027 година во делот на Образование под точка 4.1.1.2 која гласи „Донесување одлука за намалување цени на меѓуградскиот автобуски превоз за средношколци и студенти на територијата на цела држава и зголемување на редовноста на линиите”.
2. Со веќе споменатата сума од 64 милиони денари, предвидено е да се опфатат 7100 студенти пд државните и приватните факултети, на сите три циклуси студии, и тоа:
а) Прва група – 3550 ваучери за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус и втор циклус на студии (магистерски) на јавните универзитети, приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија;
б) Втора група – 3550 ваучери, од кои 3090 за студенти од прв циклус, 355 за студенти од втор циклус и 105 за студенти од трет циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето;