Украински сили погодија руска рафинерија на 1.000 километри од фронтот

Киев таргетираше нафтен капацитет во Самара и репетитори во Брјанск за да ги ограничи руските напади со дронови

Украинските одбранбени сили изведоа успешен напад со долг дострел врз нафтената рафинерија во Новокујбишевск, лоцирана на 1.000 километри од линијата на фронтот, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Операцијата во Самарската област има за цел директно намалување на руските извозни приходи од енергенси и ограничување на воениот потенцијал на Москва. Во истото деноноќие биле погодени и логистички центар во Самара и цели во Црното Море.

Нападот врз постројката во Новокујбишевск претставува дел од украинската стратегија за далечински притисок врз виталната економска инфраструктура на Русија. Според Зеленски, рафинеријата обезбедува милионски извозни приходи за рускиот буџет, поради што нејзиното оштетување директно ја засега логистиката на воените операции. Освен рафинеријата, украинските сили таргетирале и логистички центар во истата област, како и воени позиции во Црното Море.

Киев објави и потврдени резултати од претходно изведените далечински операции. На воениот аеродром Саки на Крим е уништен руски борбен авион Су-24М заедно со четири единици аеродромска опрема. Во Брјанската област биле елиминирани репетиторски станици за контрола на дронови. Со уништувањето на тие станици, според изјавата на Зеленски, директно се отежнува водењето на руските беспилотни летала кон цивилните населби во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс