Уапсен раперот Шон Диди Комбс

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс е уапсен во Њујорк под федерални обвиненија за сексуален напад и трговија со луѓе, потврди неговиот адвокат за Си-Ен-Ен.
Фото: The Cable Show/Flickr

Комбс — кој е во Њујорк од минатата недела — беше уапсен во понеделникот во хотелот Парк Хајат на 57-та улица во Менхетен околу 20:15 часот, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со случајот.

Обвиненијата и деталите за случајот против Комбс засега се нејасни.

Преговорите за екстрадиција на Комбс беа во тек, а во понеделникот беше издадено запечатено обвинение, рече изворот.

„Ние сме разочарани од одлуката да продолжи неправедното гонење на господин Комбс од американскиот обвинтел“ изјави Марк Анџифило, адвокат на Комбс за Си-Ен-Ен.

Адвокатот на Комбс рече дека музичарот соработувал со истрагата што довела до обвинението и „доброволно се преселил во Њујорк минатата недела во очекување на овие обвиненија“. Неговиот тим тврди дека е невин и вели дека нема што да крие.

„Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, само-изграден претприемач, грижлив семеен човек и докажан филантроп кој ги помина последните 30 години градејќи империја, но исто така се грижеше за своите деца и работеше на подобрување на условите во кои афро-американската заедница живее. Тој не е совршена личност, но не е криминалец“, изјави Анџифило за Си-Ен-Ен.

Анџифило ги замоли граѓаните да не го осудуваат неговиот клиент додека не се дознаат сите факти, бидејќи тој се радува што ќе може да ја одбрани својата чест на суд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни