Туристите кај вулканот Етна се потенцијална опасност

Илјадници туристи се собраа на вулканот Етна на Сицилија за да гледаат спектакуларни ерупции, но некои ги блокираат улиците и ги спречуваат итните служби да стигнат до оние на кои им е потребна помош, предупредија денеска локалните власти.

Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Кочина, изјави дека однесувањето на туристите во последните денови е многу опасно, предупредувајќи дека голем дел од нив паркираат по тесни улички, го спречуваат минувањето на возилата за итни случаи и создаваат метеж, пренесува Гардијан.


Според него, ситуацијата се влошува навечер, бидејќи многу туристи се изложени на ризик да паднат и да се повредат.

Вулканската активност на вулканот Етна во изминатите денови предизвика проблеми со воздушниот сообраќај на аеродромот Катанија, во јужна Италија.

Етна исфрла лава во последните седум дена низ пукнатина на јужните падини на кратерот познат како Бока Нуова (Нова уста).

Вулканската активност постепено се зголемува и сега исфрла облаци од пепел.

Етна, кој се наоѓа на Сицилија, е најактивниот вулкан во континентална Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни