Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави водат директно спротивставување со Иран со цел да ги одбранат Израел, Блискиот Исток и западните земји од потенцијални напади. Според него, Вашингтон прави значаен напредок на терен и испрати директна порака до Тел Авив дека нема простор за паника додека тој раководи со Белата куќа.
Во своето обраќање, американскиот претседател отворено ги образложи причините зад актуелните воено-политички потези кон Техеран. Тој тврди дека американските акции не се само регионална поддршка, туку превенција од многу поширок глобален судир.
„Ова го правиме за да му помогнеме на Блискиот Исток. Ова го правиме за да му помогнеме на Израел. Ова го правиме за да си помогнеме себеси, бидејќи да не сме ние, откако ќе го уништат Израел, што многу радо би го направиле, а потоа и Блискиот Исток, би ја нападнале Европа и некои од нашите градови“, порача Трамп.
Трамп оцени дека американската администрација постигнува добар напредок во судирот со иранските власти. Истовремено, тој се обрати директно до израелската јавност по повод најновата ескалација на тензиите во регионот.
„Израел не треба да се грижи. Знаете зошто? Затоа што јас сум претседател и јас ќе се грижам за Израел“, изјави Трамп во коментар за израелската телевизиска мрежа КАН.