Трамп: Војната со Иран е „завршена“, но Конгресот бара се уште одговори

Трамп тврди дека војната со Иран е завршена, но демократите во Конгресот бараат одговори за стратегијата, роковите и законските овластувања.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот ги „завршил“ непријателствата со Иран, во момент кога истекува рокот според кој претседателот мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на воена акција.

Во писмо до лидерите во Конгресот, Трамп наведе дека од прекинот на огнот нема размена на оган со Иран и дека „непријателствата што почнаа на 28 февруари 2026 година се завршени“. Според Законот за воени овластувања од 1973 година, американски претседател може да води воена операција 60 дена без одобрение од Конгресот.

Иран, преку пакистански посредници, испрати нов предлог за преговори со САД, но Трамп брзо го отфрли. Тој тврди дека прекинот на огнот му дава дополнително време, иако дел од правните експерти и демократите во Конгресот велат дека законот не предвидува такво толкување.

Демократите предупредуваат дека американската блокада на иранскиот извоз на нафта покажува дека непријателствата не се навистина завршени. Сенаторката Џин Шахин оцени дека Трамп и по 60 дена конфликт нема стратегија ниту јасен излез од војната.

Војната со Иран предизвика големи штети, илјадници жртви, нарушувања на енергетските испораки и раст на цените, а анкетите покажуваат дека конфликтот е непопуларен кај Американците, шест месеци пред изборите за Конгресот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни