Американскиот претседател Доналд Трамп му му нареди на Пентагон да го намали обемот на заедничките воени вежби со Јужна Кореја. Наредбата пристигна неколку часа пред почетокот на големата годишна воена операција „Ulchi Freedom Shield“ на Корејскиот Полуостров. Трамп изјави дека маневрите се прескапи и претставуваат непотребно провокативен сигнал кон Пјонгјанг, со што практично ја врати политиката на попуштање кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Преку објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изрази незадоволство од учеството на американските сили во овогодишните маневри. Тој го повтори својот став за „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нагласувајќи дека ваквите операции чинат премногу пари и испраќаат несоодветна порака.
Овој чекор потсетува на неговата одлука од 2018 година, кога по самитот во Сингапур привремено ги суспендирашеле големите воени вежби. Сегашната реакција содржи и дополнителна политичка затегнатост со Сеул, бидејќи Трамп ја критикуваше Јужна Кореја што не се приклучила кон американските акции насочени против Иран.
И покрај пораките од Вашингтон, вежбата „Ulchi Freedom Shield“ започна утринава и треба да трае до 27 август. Во операциите учествуваат околу 18.000 јужнокорејски војници, а фокусот е ставен на одбрана од беспилотни летала, сајбернапади и спречување на попречувањето на GPS-сигналите.
Јужнокорејскиот претседателски кабинет соопшти дека ја анализира изјавата на Трамп. Од Сеул порачаа дека двете земји ќе ја продолжат блиската координација околу зачувувањето на заедничката одбранбена позиција.
Воените активности се одвиваат во период на зголемени тензии. Северна Кореја неодамна изврши тестирање на балистичка ракета кон источното море, што беше второ лансирање за помалку од една недела.
Властите во Пјонгјанг ги нарекоа овогодишните маневри провокација и најавија дополнително зајакнување на сопственото нуклеарно одвраќање. Пјонгјанг исто така ја обвини воената соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се претвора во трилатерален нуклеарен сојуз. Во моментов на Корејскиот Полуостров се стационирани околу 28.500 американски војници, а потегот на Трамп се толкува како можен обид за рестартирање на преговорите.