Тајна средба на претставник на Трамп со луѓе на Путин во Санкт Петербург

Според ФТ, Кук во Санкт Петерсбург бил во јули годинава додека траеше економскиот самит, наречен уште и „руски Давос“

Претседателот на Националната комисија за уметност на САД, Родни Мимс Кук помладиот, ова лето беше на тајна дипломатска мисија во Санкт Петербург, каде што се сретна со руски претставници на барање на американскиот претседател Доналд Трамп. Посетата на Кук на Русија се одржа во јуни, како што објави „Фајненшл тајмс“.

Според ФТ, Кук во Санкт Петерсбург бил во јули годинава додека траеше економскиот самит, наречен уште и „руски Давос“

Таму, тој се сретнал со претставници на Кремљ, во придружба на дипломатско обезбедување. Кук помладиот наводно ја претставил својата посета како „културна“ и им покажал на руските претставници фотографии од неговата куќа за одмор во Атланта.

Обид за решавање на дипломатскиот ќорсокак

Американскиот државен секретар Марко Рубио во јуни изјави дека не е запознаен со која било делегација што оди во Санкт Петербург. Сепак, два извори рекоа дека САД се надевале дека неконвенционални пратеници како Кук помладиот би можеле да помогнат во решавањето на дипломатскиот застој околу војната во Украина.

Еден извор рече дека меѓу службените лица со кои се сретнал Кук помладиот бил и Антон Кобјаков, висок советник на Путин. За време на својот говор на форумот, Кук наводно му пренел на Путин „топли поздрави од неговиот пријател, претседателот Трамп“.

Тој одби да коментира за содржината на средбите со руските претставници. Исто така, не сакаше да каже дали Трамп му наложил да ги продолжи контактите или дали планира наскоро да се врати во Русија. „Има многу барања. Работиме на тоа во моментов“, рече тој.

Неодамна беше објавено дека Украина ги запрела интензивните напади со беспилотни летала врз танкери за нафта во пристаништето Новоросијск на Црното Море. Оваа одлука следеше по барањето упатено кон крајот на минатиот месец од страна на потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс.

Блумберг, исто така, објави дека Украина се согласила да поштеди одредени танкери кои не се во руска сопственост, како и некои инфраструктурни објекти во Црното Море.

На почетокот на јули, американскиот претседател Доналд Трамп, за време на јавниот дел од состанокот со претседателот Володимир Зеленски, истакна дека украинските напади врз руските рафинерии претставуваат ескалација што би можела да помогне во завршувањето на војната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс