Свечен дочек за Зеленски во Белград па средба со Вучиќ

Во моментов во Палатата во тек е тет-а-тет средба помеѓу Вучиќ и Зеленски по што ќе следуваат и обраќања кон медиумите

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во придружба интонирање химни и почесна гарда, го пречека својот украински колега Володимир Зеленски пред Палатата на Србија.

Во моментов во Палатата во тек е тет-а-тет средба помеѓу двајцата државници, по што ќе следуваат и обраќања кон медиумите.

Вучиќ изјави дека со Зеленски ќе разговара за најважните прашања од билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, особено во областите на економијата, трговијата и енергетиката, како и за европскиот пат на двете земји и актуелните регионални и глобални прашања.

„Уште еднаш, му посакав топло добредојде на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, чие доаѓање во Србија претставува важен чекор во понатамошното зајакнување на политичкиот дијалог и потврда на заедничката желба за развој на односите меѓу нашите земји врз основа на меѓусебно почитување, отвореност и конкретна соработка“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека во наредниот период ќе разговара и за конкретни форми на соработка со Зеленски.

„Убеден сум дека денешните разговори ќе дадат нов импулс на односите меѓу Србија и Украина и дека, преку почести контакти на највисоко ниво и конкретни заеднички проекти, ќе продолжиме да градиме посилни врски меѓу нашите земји и народи“, нагласи Вучиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс