Студентите во Бангладеш, кои минатото лето ја соборија владата на премиерката Шеик Хасина, денеска ја промовираа Национална граѓанска партија. За лидер на Националната граѓанска партија е именувам 26-годишниот студентски лидер Нахид Ислам.
Студентите на митинг пред Парламентот во Дака, ветија политички реформи во Бангладеш.
Во Бангладеш се поделени мислењата дали студентската партија може да доведе до промени во земјата.
Критичарите на привремениот премиер, нобеловецот Мухамед Јанус тврдат дека новата партија нема да донесе никакви промени, нo аналитичарите оценуваат дека Националната студентска партија би можела да ја разбие традиционалната структура на политичка моќ во Бангладеш. За приврзаниците на Јанус, потребна е нова партија која би се справила со политичката култура на непотизмот, со корупцијата и недостигот на демократска пракса.
Јанус во повеќепати има изјавено дека дошол на власт со помош на студентскиот бунт против Хасина.