Студентите во Србија предупредуваат: Вечерва се подготвуваат инсценирани инциденти во Белград, цел е редакцијата на Информер

„Студенти во блокада Белград“ тврдат дека одговорноста за можен напад врз редакцијата би се префрлила врз нив и повикуваат граѓаните да не се одѕиваат на провокации

Студентската иницијатива „Студенти во блокада Белград“ предупреди дека вечерва во српската престолнина би можело да има обид за инсценирање инциденти. Според нивната објава, наводна цел би била редакцијата на „Информер“, а одговорноста потоа би се префрлила врз студентите.

„Имаме причина да веруваме дека вечерва одредена интересна група ќе се обиде да изрежира инциденти во Белград“, наведуваат од иницијативата.

Студентите ги повикуваат граѓаните да не се одѕиваат на повици за вакви дејства и критички да пристапуваат кон информациите што ќе се шират.


„Знаеме кому му е во интерес студентите да ги претстави како насилници и нагласуваме дека тоа нема да им успее“, порачуваат од „Студенти во блокада Белград“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс