Бројот на вработени во Европската унија на возраст меѓу 20 и 64 години минатата година изнесувал 197,6 милиони луѓе, што претставува стапка од 75,8 проценти – највисока од 2009 година, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека стапката на вработеност пораснала за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година и за 1,2 проценти во споредба со 2020 година.
Меѓу земјите на Европската унија, највисоки стапки на вработеност се забележани во Холандија (83,5%), Малта (83%) и Чешка (82,3%). Најниски стапки имале Италија (67,1%), Грција (69,3%) и Романија (69,5%).
Во Европската унија минатата година, стапката на преквалификација изнесувала 21,3 проценти. Овој показател се однесува на лица со високо образование кои се вработуваат на работни места што не бараат такво ниво на образование.
Меѓу земјите на ЕУ, највисоки стапки на прекумерна квалификација имале Шпанија (35%), Грција (33%) и Кипар (28,2%), додека најниски стапки имале Луксембург (4,7%), Хрватска (12,6%) и Чешка (12,8%).