Спасувачките екипи во Колумбија извлекоа живо 18-дневно бебе од урнатините на срушена станбена зграда по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што го погоди западниот дел од земјата. Во катастрофата загинаа најмалку 250 луѓе, а над 3.000 лица сè уште се водат како исчезнати.
Спасувач кој се наоѓал во близина на објектот слушнал кога зградата се урнала. Тој веднаш дотрчал на местото на несреќата и почнал да вика кон урнатините.
Од под урнатините му се јавил маж кој потврдил дека е заробен заедно со мало бебе. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до 18-дневното дете, по што го предале на екипите на итната медицинска помош.
🚨Colombia rescuers DIG OUT MONTHS-OLD BABY from BUILDING RUBBLE after 7.4 earthquake
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 10, 2026
📍An 18-day-old baby was rescued from the rubble of a building. #Colombia #Earthquake https://t.co/Xt5WDuaM5Epic.twitter.com/koQnJVsBRv
▪️More than 100 people are dead & there is widespread…
Епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Сан Хосе дел Палмар во департманот Чоко. Меѓу најтешко погодените подрачја се градовите Кали, Переира, Манизалес и Кибдо.
Според официјалните податоци, потврдена е смртта на најмалку 250 лица, додека спасувачките тимови трагаат по уште 3.000 луѓе. Само во градот Переира е потврдена смртта на 66 лица, додека во Кали спасувачите успеале да извлечат 37 преживеани од 40 урнати објекти. Властите прогласија вонредна состојба за брза дистрибуција на хуманитарна помош.