Четири азиски држави останаа без струја по ненадеен дефект во заедничката мрежа

Ненадејна промена во енергетскиот проток го парализираше централниот систем во регионот каде сушите и климатските промени редовно ги загрозуваат хидроелектраните.
Фото: United Nations Photo/Flickr

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се соочија со опсежни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради неочекувани флуктуации во заедничката средноазиска енергетска мрежа. Министерството за енергетика на Казахстан потврди дека хаваријата настанала поради ненадејна промена во протокот на енергија, по што надлежните служби во сите четири држави веднаш започнаа итни интервенции за стабилизација на системот и обновување на снабдувањето.

Репортерите на Ројтерс од теренот потврдија дека струја снемало во Алмати, најголемиот финансиски и народен центар во Казахстан, како и во главниот град на Киргистан, Бишкек. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главен град Душанбе и во вториот по големина град Хутџанд.

Во Узбекистан, властите забележаа прекини во јужните региони, главно во пограничниот појас со Таџикистан. Надлежните министерства за енергетика од четирите земји соопштија дека нивните мрежи се меѓусебно поврзани и дека екипите работат на етапоно враќање на напонот.

Регионот на Средна Азија со години се соочува со зачестени дефекти во енергетскиот сектор. Системот во голема мера зависи од хидроенергија, што го прави исклучително ранлив на долготрајни суши и намален водостој на реките. Климатските промени дополнително ја компликуваат состојбата, додека застарената инфраструктура од советската ера тешко го поднесува зголемениот товар и флуктуациите во потрошувачката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс