Сите лица на презирот на Мелони

Десничарката Џорџа Мелони е првата италијанска премиерка, која освен по своите ставови против евтаназија, истополови бракови, ксенофобија и исламофобија, стана популарна и по тоа што при нејзините јавни настапи можеби ги контролира зборовите, но не може да ги контролира експресиите на лицето.

Со нејзините експресии, Мелони јасно покажува кога ѝ е досадно, но и кога не ѝ се допаѓаат политичарите со кои се поздравува, како што беше случајот при една средба со Макрон или пак кога го здогледа Орбан на самитот во Вашингтон.

Од друга страна пак, очигледно Ердоган е повеќе нејзин тип, бидјеќи при нивната средба таа со воодушевување гледаше во турскиот лидер, без препознатливите гримаси.

Мелони на 45 години, по малку на среќа, стана првата премиерка на Италија, откако нејзината партија „Браќа на Италија“ беше една од реткија која не се приклучи на владата за национално единство на Марио Драги, па стана главен опозициски глас.

Таа е лидерка на партијата повеќе од една декада, а нејзиното искуство во Владата се сведува на тоа како министерка за млади во четвртата влада на Берлускони од 2008 до 2011 година.

Политичките почетоци на Мелони се во младинските движења на нео-фашистичките и пост-фашистичките движења во Италија, а на 19 години е снимена како изјавува дека Бенито Мусолини бил добар политичар. Сепак, таа тврди дека партијата која ја формираше во 2012 година нема врски со фашизмот, иако многу членови се фанови на Мусолини.

Мелони коалицираше со крајната десница Лига, како и со партијата на Берлускони. Нејзиниот говор по победата беше испреплетен со анти-ЛГБТИ, ксенофобично и исламофобични нишки, но и анти ЕУ реторика.

Нејзините коалициони партнери, Матео Салвини од Лига и Силвио Берлускони се познати како поддржувачи и почитувачи на Владимир Путин, но по победата Мелони изјави дека Италија нема да ја менува надворешната политика и ќе остане во НАТО и ЕУ.

Таа назначи министерка која е против абортус, но вети дека ќе го почитува законот и ќе го заштити правото на абортус, како и дека нема намера да ги менува законите за правата на ЛГБТИ заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс