Што да избегнуваме да јадеме навечер ако сакаме рамен стомак?

Јадењето пред спиење им дава задоволство на многу луѓе по долг, напорен ден. Но, она што го јадеме пред спиење може значително да влијае на нашето варење, квалитетот на сонот и изгледот на нашиот стомак.

Многу вечерни јадења и закуски се калорични или можат да предизвикаат надуеност. Диетичарката Аканкша Кулкарни открва кои два видови на храна треба да ги избегнуваме пред спиење ако сакаме да имаме порамен стомак.

Преработени јаглехидрати

Преработените јаглехидрати се популарен избор за вечера и вклучуваат пица, тестенини и грицки како крекери и чипс. Иако се вкусни, овие јаглехидрати често се богати со рафинирани шеќери и малку влакна, што може да предизвика надуеност и задржување на водата. До крајот на денот, нашиот метаболизам се забавува, а јадењето храна богата со јаглехидрати на крајот може да доведе до складирање на маснотии.

„Преработените јаглехидрати во форма на печива или слатки грицки го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што го поттикнува таложењето на маснотии во телото, особено во пределот на стомакот. Избегнувањето на таквите јаглехидрати штити од скокови на инсулин и вишок телесни масти. Јаглехидратите богати со растителни влакна му помагаат на дигестивниот систем и одржува балансиран стомак, што придонесува за потенок струк“, вели Кулкарни за SheFinds.

Солени грицки

Популарните вечерни закуски, од пуканки до чипс, често се богати со натриум, што не е најдобриот избор за глад во доцните часови. Кулкарни предупредува на високо ниво на натриум, што може да предизвика надуеност следното утро.

Храната богата со натриум, која се консумира навечер, станува проблематична бидејќи тогаш нема активност, а прекумерното внесување може да предизвика надуеност. Избегнувањето на сол пред спиење го намалува, иако не го елиминира, ризикот од надуеност.

„Јадењето храна со малку натриум не е само добро за целокупното здравје, туку помага и за намалување на надуеноста“, заклучи таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни