Утрово до 07:30 часот, на територија на целата држава, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи
Од регистрираните пожари, активни се шест, под контрола е еден пожар, додека 22 пожари се изгаснати, додаваат од ЦУК
Активни пожари има во Општина Студеничани меѓу селата Моране Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, потоа во општините Македонски Брод, Велес и Зелениково, општина Сарај, и во општините Крива Паланка и Крушево.
Пожар под контрола е пожарот во Општина Крушево меѓу селата Алданци и Норово каде гори ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума.
Истовремено изгаснати се 22 пожари во различни општини низ државата.