САД воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд

Вашингтон ги санкционираше Томоко Акане и висок судски функционер поради истрагите за наводни злосторства во Газа. САД воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд, Томоко Акане, и високиот судски функционер Абдулаје Сеј, кој е поврзан со истрагите за наводни злосторства на Израел во Газа. Американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини судот со седиште во Хаг дека е „корумпиран и политизиран“ и дека ги надминал своите овластувања. Според него, санкционираните лица директно учествувале во истраги и постапки против функционери чии држави не ја признале надлежноста на судот. Одлуката е најнов чекор во притисокот на администрацијата на Доналд Трамп врз Меѓународниот кривичен суд. САД не се членка на судот, но Вашингтон и претходно воведе санкции против негови претставници поради постапките поврзани со Израел, како и поради истраги за американски војници во Авганистан. Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот во САД и ограничување на пристапот до американскиот финансиски систем. Од Меѓународниот кривичен суд, пак, наведуваат дека имаат надлежност во случаи кога државите не можат или не сакаат самостојно да ги гонат најтешките меѓународни злосторства.

 Вашингтон ги санкционираше Томоко Акане и висок судски функционер поради истрагите за наводни злосторства во Газа.

САД воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд, Томоко Акане, и високиот судски функционер Абдулаје Сеј, кој е поврзан со истрагите за наводни злосторства на Израел во Газа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини судот со седиште во Хаг дека е „корумпиран и политизиран“ и дека ги надминал своите овластувања. Според него, санкционираните лица директно учествувале во истраги и постапки против функционери чии држави не ја признале надлежноста на судот.

Одлуката е најнов чекор во притисокот на администрацијата на Доналд Трамп врз Меѓународниот кривичен суд. САД не се членка на судот, но Вашингтон и претходно воведе санкции против негови претставници поради постапките поврзани со Израел, како и поради истраги за американски војници во Авганистан.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот во САД и ограничување на пристапот до американскиот финансиски систем. Од Меѓународниот кривичен суд, пак, наведуваат дека имаат надлежност во случаи кога државите не можат или не сакаат самостојно да ги гонат најтешките меѓународни злосторства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс