Американскиот јавен долг ја надмина границата од 40 трилиони долари

Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари, што ги засили предупредувањата за ризик од финансиска криза.

Рекордното задолжување на САД повторно ги засили предупредувањата за ризик од сериозна финансиска криза.

Вкупниот јавен долг на Соединетите Американски Држави за првпат ја надмина границата од 40 трилиони долари, соопшти американското Министерство за финансии. Рекордното ниво на задолженост ги засили стравувањата за одржливоста на американските јавни финансии.

Според најновите податоци, долгот изнесува околу 40.047 милијарди долари. Од таа сума, 32.266 милијарди долари се однесуваат на обврзници, а 7.782 милијарди на меѓувладин долг.

Американскиот долг повеќе од двојно се зголемил за помалку од една деценија. Во јануари 2017 година изнесувал околу 19.950 милијарди долари.

Растот на трошоците за социјалните програми и исплатата на каматите значително ги надминуваат државните приходи. Економските аналитичари и буџетските надзорници предупредуваат дека без мерки во однос на даноците и јавната потрошувачка, високото задолжување може да создаде дополнителен притисок врз американската економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс