Во текот на ноќта руски дронови го погодија граничниот премин меѓу Украина и Молдавија, при што има загинати и повредени лица. Истовремено бил извршен напад и врз украинскиот главен град Киев. Украинската гранична служба во средата соопшти дека во нападот врз граничниот премин има загинати и повредени. На локацијата избиле и пожари.
Нападот го погоди преминот на границата со Молдавија, што го наруши нормалното функционирање на граничниот сообраќај.
Руски сили истовремено го нападнале и Киев. Според првичните информации на итните служби објавени преку „Телеграм“, во главниот град избиле пожари, но засега нема информации за загинати или повредени. Украинските власти дополнително ги утврдуваат последиците од ноќниот напад.