Русија и Украина денеска извршија нова размена на тела на загинати војници, прва ваква операција меѓу двете земји од минатиот месец.
Според пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев, Москва ѝ ги предала на украинската страна телата на 261 загинат војник, додека Киев предал 24 тела на руски војници.
Размената подоцна ја потврди и украинскиот Координативен штаб за третман на воените заробеници. Оттаму соопштија дека во Украина се вратени 261 тело кои, според информациите добиени од руската страна, им припаѓаат на украински бранители.
Од украинскиот штаб упатија благодарност до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за посредувањето и поддршката во процесот на репатријација.
Ова е прва ваква размена по 16 јули. Тогаш Русија ѝ предаде на Украина 501 тело на загинати војници, додека украинската страна предаде 31 тело на руски војници.
Со денешната размена, двете страни разменија вкупно 285 тела на загинати војници.