Русија ѝ се закани на Британија по украински напади со дронови

Русија ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по извештаите за употреба на британски дронови во украински напади.

Москва предупредува на „последици“ по информациите дека британски дронови биле употребени во украински напади длабоко на руска територија.

Москва ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по извештаите дека украинските сили за првпат употребиле британски дронови во напади врз цели длабоко на руска територија.

Според британскиот „Сандеј тајмс“, Украина користела дронови од две британски компании како дел од стратегијата за напади со долг дострел. Киев во последните месеци ги засили нападите врз руската воена индустрија и енергетските објекти.

Руската амбасада во Велика Британија оцени дека информациите покажуваат оти Лондон намерно ја ескалира ситуацијата. Москва порача дека поголемата британска вмешаност во конфликтот ќе има „повисока цена“.

Од британското Министерство за одбрана, пак, порачаа дека Велика Британија стои „рамо до рамо“ со Украина и ќе продолжи да ѝ обезбедува опрема за одбрана од руската инвазија.

Според податоците на независниот набљудувач на конфликтите Акледа, бројот на украински напади со дронови со долг дострел во јули бил трипати поголем отколку во јануари. Руското Министерство за одбрана неодамна соопшти дека соборило стотици украински дронови над повеќе руски региони и над Црното и Азовското Море.

е-Трн да боцка во твојот инбокс