Првиот снег ја обели Босна и Херцеговина

Снег падна на планинските предели, а на Романија се задржа и на коловозот, поради што сообраќајот се одвива отежнато. Снежни врнежи се забележани и кај Челебиќи, во близина на Фоча.

Првиот снег оваа есен ги забелеа планинските предели на Босна и Херцеговина. Фотографиите од Романија покажуваат снег на коловозот и отежнато движење на возилата по патот. Зимски сцени пристигнуваат и од Челебиќи, кај Фоча, од каде што страницата „Би-Ејч метео“ објави видео од снежните врнежи.

Снег паѓа на планините, додека во поголемиот дел од земјата времето е облачно, со дожд. Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина, денеска, 1 ноември, ќе преовладува облачно време со дожд, а на планините ќе паѓа снег.

Највисоката дневна температура ќе се движи главно од 4 до 9 степени, додека на југот на земјата ќе достигне до 14 степени. Во Сараево се очекуваат дожд и температура од околу 5 степени, а врнежите би требало да престанат во вечерните часови. Во понеделник времето ќе остане претежно облачно со дожд, а на планините повторно се очекува снег. Во вторник повремено се можни слаб дожд и снег на највисоките планински врвови.


На возачите што патуваат преку планинските превои им се препорачува зголемена претпазливост и приспособување на брзината на условите на патот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс