Проф. Пивоваров: Граѓаните не треба да стравуваат од заканите со бомби, но институциите мора да бидат беспрекорни

По краткото затишје, Македонија и регионот повторно се под бран на лажни дојави за поставени бомби. Проф. Владимир Пивоваров, стручњак за безбедност, ги именува трите клучни прашања: кои се нарачателите, зошто капацитетите за откривање не се доволни и зошто оваа закана никогаш не треба да остане само безбедносно прашање.

Mинатата недела во Скопја, но и во регионот побторно се појавија бови лажни дојави за поставени бомби во повеќе училишта. Пред само десетина дена, евакуирани беа Ист Гејт, Дајмонд и Сити Мол. Три викенди по ред, ист образец, иста странска ИП адреса, ист резултат: ниту бомба пронајдена, ниту испраќач идентификуван. Паралелно, Хрватска се соочи со евакуации на училишта и градинки во Загреб. Истото се случи во Србија, Босна, Словенија, Црна Гора. Регионот е под бран. Со проф. д-р Владимир Пивоваров, експерт за безбедност, разговаравме зошто овој бран не е случаен и зошто откривањето е скоро невозможно.

„Прв пат со голем интензитет бомбите се pojавија на денот на посетата на Фон Дер Лejен”

Проф. Пивоваров го именува почетокот на шемата директно и прецизно: „Заканите за поставени бомби кај нас, прв пат со голем интензитет се поjавија на денот на посетата на Урсула Вон Дер Лajен на нашата земja и пojавата продолжи неколку недели. Исти вакви пojави се случуваа и во регионот на денот на некоja значаjна посета на високи европски претставници.”

Тоа не е случаjност. Тоа е образец со јасна временска и политичка логика.

Само минатата година, македонската полиција евидентирала над 240 дojави за поставени бомби во училишта низ земjата. За сите е утврдено дека биле лажни. Но 240 дojави не се статистика. Тоа е 240 евакуации, 240 прекина на настава, 240 родители кои добиле порака дека нивното дете е во опасност.

„Поентата беше издигнување на чувствителноста на jавноста кон децата”

Зошто прво училишта? Пивоваров го дава одговорот директно: „Обjект на закана исклучително беа училиштата, што упатува на тоа дека таму се ученици. Поентата беше издигнување на наjвисоко ниво на чувствителноста на jавноста кон оваа категориjа на граѓани.”

Деца, родители, паника. Максимален психолошки ефект со минимален технички труд. Избoрот на цел не е случаен, тоj е стратешки пресметан.

Потоа дошло до затишjе. Па нова фаза, со поинаква цел. Во два викенди по ред, трите наjголеми шопинг молови во Скопjе беа предупредени со лажни закани за бомби. Целта се сменила: наместо деца, потрошувачи. Наместо родителски страв, економска штета. А сега, во маj 2026 година, заканите повторно се свртени кон училиштата. На електронска адреса на МВР е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопjе. Циклусот продолжува.

„Зад оваа pojава постоjат нарачатели”

Регионалната слика е клучна за разбирање на природата на заканата. Хрватска минатата недела се соочи со сериjа лажни дojави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земjата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски центри.

Пивоваров jа дава наjважната реченица на целата анализа: „Заканите коишто се pojавиjа во исто врeме во регионот секако дека имаат своjа позадина. Тоа значи дека зад оваа pojава постоjат нарачатели, а заедничко за сите нив е дека оваа тема се издига на политичко ниво наместо да остане на безбедносно ниво.”

Нарачатели. Не само аматери со компjутер и слободно попладне. Координирана стратегиjа со jасна намера: дестабилизациjа преку психолошки терор, без единствен куршум.

„Скоро е невозможно откривање на креаторот на заканата”

Техничкото објаснување на Пивоваров е прецизно и директно: „Откривачката дejност во мал дел беше успешна во ситуациjи кога заканите доаѓаа од аматери во информатичката дejност, а ИП адресите беа од нашата териториjа. Додека оние дojави коишто доаѓаа од странство, со помош на пренасочување на интернет сообраќаjот преку повеќепосредници, proxy и VPN слоеви, упатуваат на пристап преку jавни или туѓи мрежи за да не се врзе активноста со лична локациjа. Тоа апсолутно jа отежнува истрагата за утврдување на уредот од коj е испратена заканата. Скоро е невозможно откривање на креаторот на заканата.”

Она кое што останува предизвик за МВР е разрешувањето на случаите со закани за поставени бомби коишто пристигнуваат преку VPN адреси. Станува збор за енкриптиран, заштитен интернет проток за податоци, коj гарантира максимална заштита на идентитетот, што ги прави речиси невозможни обидите да се открие сопственикот на еден таков акаунт.

Исклучокот кoj го потврдува правилото: на 27 февруари 2026 година, македонската полициjа привела 18-годишник од тетовското село Палатица осомничен дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки до образовни институции во Тетово со закани за поставени бомби. При претресот во домот биле одземени повеќе електронски уреди. Аматер, домашна ИП адреса, плиток дигитален отпечаток. Системски организираните закани, сепак, остануваат во сенка.

„Дури и активирањето на членот 5 од НАТО протоколот не ги даде посакуваните резултати”

Капацитетот за одговор на национално ниво не е доволен. Пивоваров го поставува прашањето на меѓународната координациjа: „Капацитетите на саjбер форензиката на секое национално ниво не се доволни за откривачката дejност на ваквите закани. Потребно е издигање на ниво на меѓународна соработка на светско ниво, а и ваквата соработка во голем броj на случаи не ги дава посакуваните резултати. Дури и активирањето на членот 5 од НАТО протоколот не ги даде посакуваните резултати.”

Членот 5 на НАТО е колективна одбрана. Активиран е и сепак остана без резултат. Оваа реченица повеќе не е само техничка констатација. Таа е политичка.

„Тогашната опозициjа jа нападна власта… за да денес повторно да нема откривачка дejност”

Пивоваров го именува механизмот коj го прави феноменот двоjно опасен: „Потоа следуваше поголемо затишjе, а оваа безбедносна поava доби политичка конотациjа дека власта е неспособна да се справи со ваквите закани. Тогаш МВР изготви протоколи за нивно постапување, како и постапувањето на училиштата. Тогашната опозициjа jа нападна власта дека е неспособна да ги детектира заканувачите, за да денеска повторно нема откривачка дejност коишто се заканувачите.”

Кругот е затворен и совршен. Заканата се испраќа. Власта не може да го открие испраќачот. Опозициjата jа обвинува власта за неспособност. Jавноста е вознемирена. А испраќачот продолжува. Истата логика важела за претходната власт. Истата логика важи за сегашната. Тоа е поентата.

„Мора да се испочитуваат безбедносните протоколи и истите треба да бидат надградувани”

По евакуациите на трите молови, скопската полициjа реагирала. Скопската полициjа ќе направи и предложи посебен специjален протокол при закани за поставени експлозивни направи во трговски центри и шопинг молови. Протоколот ќе jа зголеми соработката и комуникациjата меѓу полициjата во главниот град и обезбедувањето на трговските центри и моловите, а треба да jа зголеми и превентивната функциjа на обезбедувањето на центрите за тие да можат самостоjно да вршат проценки за можни закани.

Протоколот е чекор напред. Пивоваров ја поставува рамката во коjа тоj чекор трeба да се разбира: „Досегашната практика покажа дека сите закани се со лажна содржина, а тоа не значи дека на истите не треба да им се посвети внимание. Напротив, мора да се испочитуваат безбедносните протоколи коишто веќе се предвидени и истите треба да бидат надградувани, се со цел побргу да се утврди дали заканата е реална или не.”

Не паника. Не игнорирање. Систем коj учи и се надградува.

„Граѓаните не треба да бидат загрижени, доколку институциите функционираат беспрекорно”

Проф. Пивоваров jа дава финалната оценка: „Граѓаните на нашата земjа не треба да бидат загрижени за нивната безбедност, досега сите закани за поставени експлозивни средства беа лажни, се разбира доколку безбедносните служби и сите инволвирани институции во државата функционираат беспрекорно и професионално.”

Тоj услов на краjот на реченицата е суштинскиот. Доколку функционираат беспрекорно и професионално. Не е гаранциjа, но е услов. И тоа не е само безбедносна, туку и политичка обврска. Бомбата, за среќа, никогаш не е пронаjдена. Но страв е пронаjден секоj пат. И трошокот на систем коj мора да реагира на секоjа порака, лажна или не, е реален и мерлив. Токму тоа е поентата на оноj коj испраќа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни