Десет автомобили изгореа и беа оштетени во силен пожар што избувна ноќеска околу 3:15 часот на паркинг во Блок 70 во Нов Белград. Огнот зафатил три возила кои се целосно пеплосани, по што пламените јазици се прошириле и на околните автомобили. Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а полицијата и надлежните служби вршат увид за утврдување на причините за инцидентот.
Огнот избувнал на отворен паркинг на улицата Јуриј Гагарин, во близина на станбените згради. Според првичните информации од терен, пожарот најпрво зафатил едно возило, но поради близината на останатите паркирани автомобили и високата температура, брзо се проширил на уште девет возила. Станaрите сведочат за силни детонации и густ чад што ги вознемириле во раните утрински часови.
U Bloku 70 noćas izgorelo osam automobila pic.twitter.com/HhfOmG3T5M
— Blokovi.com (@blokovi) September 1, 2026
Противпожарните единици пристигнале на местото на настанот со повеќе возила и успеале да го локализираат огнот пред да зафати дополнителни објекти или зелени површини. Во инцидентот нема повредени лица, но материјалната штета е огромна. Три возила се целосно уништени, додека останатите претрпеа сериозни оштетувања на каросеријата и стаклата.
Полициски екипи и дежурен јавен обвинител извршија увид на локацијата за да ги утврдат точните причини за избувнувањето на пожарот. Се проверуваат снимките од околните безбедносни камери на зградите и деловните објекти, со цел да се утврди дали станува збор за дефект на инсталација или намерно палење.