Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на градот.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници. Посетата на фон дер Лајен е поврзана со европската интеграција на Северна Македонија и разговорите за следните чекори на земјата на патот кон Европската Унија.
Di