Норвешка заплени руски брод за да спроведе барање за отштета од 4,2 милијарди долари

Канцеларијата на гувернерот на Свалбард издаде соопштение во кое се потврдува дека бродот е запленет и дека ќе биде задржан во Свалбард

Норвешка заплени руски брод во Арктикот за да го спроведе барањето за отштета од 4,22 милијарди долари што украинската енергетска компанија „Нафтогас“ ја доби за заплената на нејзините средства кога Русија го анектираше Крим во 2014 година, соопштија официјални лица.

Бродот „Професор Молчанов“ беше запленет во близина на норвешкиот арктички архипелаг Свалбард , соопшти американската адвокатска фирма „Ковингтон“, која го застапува „Нафтогас“, пренесува „Ројтерс“ .

Канцеларијата на гувернерот на Свалбард издаде соопштение во кое се потврдува дека бродот е запленет и дека ќе биде задржан во Свалбард, додавајќи:

„Гувернерот ќе се грижи за членовите на екипажот и патниците на бродот во соработка со компанијата „Траст Арктикугољ“.

Рускиот амбасадор во Норвешка , Николај Корчунов, во соопштението изјави дека Москва ќе бара ослободување на бродот преку законски средства, додавајќи:

„Инсистираме на итно ослободување на бродот и обезбедување на безбедноста на неговите патници и екипажот.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс