Нирвана во Рединг во 1992 година – многу шпекулации, инвалидска количка и одлично шоу

Од шпекулации дека Нирвана нема да настапат на фестивалот и дека Курт Кобејн се предозирал, до еден од најдобрите настапи на бендот, кој воедно беше и последен во Велика Британија.

Во годините пред смартфоните и леснодостапните новости, на повеќедневните фестивали се ширеле шпекулации, кои не можело лесно да бидат разоктриени. Од тоа дека починала Кралицата, до тоа дека се отворила голема дупка која проголтала шатор на некој од бендовите.

Како што се собирале присутните на фестивалот во Рединг во 1992 година, најраспространети шпекулации биле дека ѕвездите кои требало да го затворат фестивалот, Нирвана, нема да се појават. И имало смисла.

Медиумите со месеци пишувале дека Курт Кобејн користи хероин и дека неговата, тогаш трудна, сопруга, Корни Лов е често во болница.

Наводно, Курт бил нервозен од негативноста и тоа што неговата сопруга не била омилена личност во медиумите, кои често објавувале дека таа користела хероин додека била во седми месец од бременоста со нивната ќерка Францес Бин.

Курт Кобјен се обидел и да ги репреговара авторските права за бендот. Според биограферот на бендот, Мајк Азерад, откако претходно било договорено сите да добиваат исто од авторските права, со новиот договор Кобјен добивал 75 отсто.

Па пред да пристигнат во Рединг, атмосферата во бендот била далеку од совршени. Тапанарот Дејв Грол подоцна изјави дека сметал оти овој фестивал ќе биде крајот на нивните кариери.

„Курт беше постојано на рехабилитација, комуникацијата во бендот беше лоша. Курт живееше во Лос Анџелес, Крист и јас во Сиетл. Луѓето не беа сигурни дали воопшто ќе се појавиме. Вежбавме само еднаш, вечерта претходно и не звучеше добро“ изјави Грол.

Кон целокупната атмосфера не помогнало ни времето, бидејќи врнело постојано, шаторите биле поплавени и целиот простор бил кал.

Излегувањето на Нирвана на сцената само ги подгреало шпекулациите. Фронтменот Курт Кобејн се појави во количка, со долга перка, а Крист Новоселиќ изјави дека е болно, но дека со поддршка од пријателите и семејството ќе преживее.

Тогаш Кобјен се исправи држејќи се за микрофонот и започна да ги пее првите стихови од песната „The Rose“ на Бет Мидлер, испеана за истоимениот филм за рок ѕвезда која починала од предозирање. По тие стихови, Кобејн падна на сцената, но брзо стана по својата гитара и бендот го започна концертот со песната „Breed“.

И покрај шпекулациите, сите негативности околу бендот и претходното невреме на фестивалот, Нирвана во Рединг имале еден од своите најдобри настапи, што беше и последен нивен настап во Велика Британија.

Идејата за тоа Кобејн да излезе во инвалидска количка им дошла вечерта претходно, како одговор на сите шпекулации дека Курт е во болница, дека бил уапсен, дека се предозирал, дека бебето му се родило деформирано и слично.

Настапот во Рединг, Нирвана го искористиле и за да испратат порака до сите кои обвинувале дека го украле рифот за Smells like Teen Spirit од More Than a Feeling на Бостон, започнувајќи да ја свират таа песна.

Во меѓувреме, пред изведбата на новата песна All Apologies, тој им рече на публиката на Ридинг: „Оваа песна е посветена на мојата 12-дневна ќерка и мојата сопруга. За неа се напишани прилично екстремни работи и таа мисли дека сите ја мразат. Ова се снима, па би можеле ли да кажете: ‘Кортни, те сакаме?’“,  а публиката не чекаше тоа да го побара од нив два пати.

Извор: Louder Sound

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни