Светот станува сè понемирно место за живеење, покажува најновиот Глобален индекс на мир за 2026 година. Според извештајот на Институтот за економија и мир, нивото на мир се влошило во 99 држави, а глобалниот пад продолжува веќе дванаесетта година по ред.
Сепак, мал број земји успеваат да останат оази на стабилност, безбедност и висок квалитет на живот. Индексот анализира 163 држави преку 23 индикатори, меѓу кои се стапката на криминал, воените трошоци, тековните конфликти, политичката стабилност и чувството на безбедност кај граѓаните.
Топ 10 најбезбедни земји во светот во 2026 година:
- Исланд
- Нов Зеланд
- Швајцарија
- Словенија
- Ирска
- Австрија
- Португалија
- Сингапур
- Финска
- Јапонија
На врвот повторно е Исланд, кој веќе 19 години по ред е прогласуван за најмирољубива и најбезбедна земја во светот. Земјата бележи дополнително подобрување на резултатите благодарение на ниското ниво на насилство, ограничената милитаризација и силното чувство на заедништво меѓу граѓаните. Нов Зеланд го задржа второто место, додека Швајцарија се искачи на третата позиција благодарение на ниската стапка на криминал и долгогодишната политика на воена неутралност.
Особено внимание привлекува Словенија, која првпат се најде меѓу петте најмирни земји во светот. Според авторите на извештајот, високото ниво на безбедност, ниските воени трошоци, блискоста со природата и добриот баланс меѓу работата и приватниот живот придонеле за нејзиниот историски успех.
Ирска го заокружува друштвото на најбезбедните држави, благодарение на ниското ниво на насилство и традиционалната политика на неутралност во меѓународните конфликти.Експертите нагласуваат дека земјите кои се наоѓаат на врвот на листата имаат заеднички карактеристики: стабилни институции, високо ниво на доверба меѓу граѓаните, силни социјални врски и квалитетен животен стандард.