Едвард Нортон: Нацистот кој го глумев во „Американска Историја икс “ денес би бил водител на Фокс Њуз
„Кога го снимавме ‘Американска историја икс’ на сетот имавме луѓе од различни раси, како и припадници на еврејската заедница и се сеќавам дека колективно се подготвуваме за некои од работите што требаше да ги изговориме, за никој да не се чувствува непријатно. Тогаш тоа беше говор од маргините на општеството“ изјави холивудскиот глумец Едвард Нортон за скинхед нацистот кој го глуми во филмот „Американска историја икс“.
Тој додава дека денес, за жал, ситуацијата е сосема поинаква и дека луѓето кои зборуваат такви работи, не се скинхеди, туку се водители на Фокс Њуз во одело и со кравата.

„Ако слушате што зборува еден Такер Карлсон, ќе разберете дека ставовите на поранешната екстремна десница станаа мејнстрим“ – рече Нортон, повлекувајќи паралели меѓу американското општество денес и подемот на десницата во земји како Унгарија и Италија.
Холивудскиот глумец вели дека неодамна повторно го гледал филмот и сфатил дека тогаш бил само дете, што е и клучниот уметнички аспект, дека тоа се само изгубени деца во светот на возрасните.