Лекарот за баријатрија и
Извршниот директор на Ambari Nutrition, кој воедно е и доктор по баријатрија, Кевин Хафман, смета дека маслото од авокадо може да направи многу за вашето здравје особено за време на новогодишните празнични трпези. Здравствените придобивки најмногу се должат на „мононезаситените масти“ кои можат да помогнат во намалувањето на „лошиот холестерол“ во крвта.
„Овие масла се мононезаситени масти, што значи дека се многу похранливи и можат да го подобрат нивото на холестерол“, смета Хафман.
Неговото мислење го делат и други експерти кои исти така сметаат дека луѓето може да имаат големи здравствени придобивки доколку користат масло од авокадо. Меѓу нив се и двајца научници од кинескиот Земјоделски универзитет Хунан, кои минатиот месец ги истакнаа неговите придобивки во научен преглед.
Меѓу многуте компоненти на кои тие се фокусираат се масните киселини и богатото количество „фитостероли“, од кои вторите се поврзани со потенцијално пониски нивоа на холестерол.
„Маслото од авокадо има заштитен ефект против хиперлипидемија со тоа што ги намалува нивоата на ТЦ, ТГ и ЛДЛ-Ц и го штити липопротеинскиот холестерол со висока густина, однесување што може да се должи на високите нивоа на MUFA, фитостероли и токофероли“, пишуваат експертите.
Сепак според нив потребни се дополнителни истражувања за подобро да се разберат ваквите придобивки.