Search

Малку познат Ју бенд продал повеќе карти од Тина Тарнер и повеќе албуми од Лепа Брена

Што мислите кој југословенски бенд го има најпродаваниот албум? Повеќемина ќе помислат на Бијело дугме, но статистиките покажуваат дека „Мртва природа“ на Рибља чорба го постигна рекордот помеѓу ју-рок бендовите. Само што, рокерите не беа најпродавани дури ни кога беа најпопуларни, многу подобро им одеше на народно-забавните бендови како Магазин и Плави оркестар. Уште подобро и попродавани беа „чистокрвните народњаци“. А над сите е бенд за кој најмалку очекувате.

Приказната за овој бенд започнува скромно, во 1975 година во селето Јерменовац, општина Темерин, кога браќата Золтан, Јанос и Ѓула Буги одлучиле да основаат рок бенд. Тоа беше времето кога рокот комерцијално се проби во Југославија, а Бијело дугме го продаде својот прв албум во повеќе од 140 илјади примероци. На тројцата браќа им се придружи и басисот Лајон Танкос и името на бендот стана 3+1.

Иако, како што кажуваат, во почетокот беа класичен рок бенд, набрзо сфатиле дека таквата музика не е најпопуларна во нивниот крај. Затоа почнале да свират тоа што го нарекуваат свадбарски рок. Електрична музика за играње по маси и пиење до зори. Бендот стана легендарен свирејќи и пеејќи на унгарски, српски и англиски.

Музичкиот продуцент Јанос Хајдук им се придружуваше на бендот на некои песни свирејќи клавијатури и пеејќи со што стана петтиот член, а бендот го промени името во 3+2.

Во 1986 година, сопственик на продавница за плочи во Суботица им предложил некаде да ги снимат нивните песни. Тие го избрале студиото на Габор Ленѓел, најпознат како основач и клавијатурист на бендот Тешка индустрија. Габор беше природен избор во сè – и како Унгарец и како музичар кој својата кариера ја изгради на спој на фолк и рок. Сега само тој материјал требаше некако и некаде да се објави.

Логично би било снимките со на унгарските свадбарски рокери да се издадат од некоја унгарска издавачка куќа, но тоа немаше да помине бидејќи комунистичките власти во Унгарија имаа многу строги критериуми за тоа кој може да објави плоча. Помеѓу останатото, музичарите мораа да имаат завршено барем средно музичко училиште, што свадбарите од Темерин никогаш не се ни обиделе.

Поради тоа плочата единствено можело да се објави во Југославија, а вистинската адреса ја нашле во Југотон. Таму никогаш не слушнале за 3+2 од Јерменовац, па објавувањето на плочата го условиле со тоа некој да им гарантира барем 10 илјади продадени примероци. Тука им помогнал трговецот од Суботица, кој бил уверен дека свадбарските рокери без проблем ќе ги продадат тие плочи. Договорот бил склучен, а Југотон несвесно го направи својот најдобар бизнис потег.

Така во 1986 година светлото на денот го виде албумот „Halvány őszi rózsa“ (Бледа есенска ружа). Сега мораше овој албум да се продаде некому. Генијалноста на оваа бизнис идеја е пред се во нејзината едноставност – бендот на весели Унгарци од Војводина ќе се продава во Унгарија, каде такво нешто не можеше да се најде во продавниците.

Но, не беше проблем Унгарицте да дојдат во Војводина и таму да ја купат плочата. Многумина се сеќаваат како во 1990-тите масовно се поминуваше границата за да се купи поевтина храна. Години пред тоа, Унгарците доаѓаа во Југославија – да ги купат плочите на нивните сонародници од Темерин.

Уредниците во Југотон не можеле да се изначудат кога виделе во кој тираж се бара овој албум. Здравко Чолиќ со албумот „Ako priđeš bliže“ беше првиот кој ја помина магичната бројка од еден милион продадени примероци. Неколку години подоцна со 1,1 милион го надминаа Лепа Брена и Слатки грех.

Но, 3+2 го продадоа својот дебитантски акбум во преку еден и пол милион принероци. Со тоа го остварија и историскиот рекорд за југословенски бенд и изведувач. На Унгарците им се допаднаа овие нови аранжмани и текстови, а доколку се види фактот што Унгарија има помалку од 10 милиони жители, тогаш доаѓа дека албумот го купиле речиси сите што имале грамафон.

Набрзо потоа 3+2 започнаа да свират и по унгарските градови, а на концертите беше вистинска лудница. Врвот на нивната турнеја беше во спортска сала во Будимпешта во 1987 година. Властите сакале да го забранат концертот на бендот кој бил премногу забавен, а малку уметнички. Културните работници беа револтирани, новинарие бесни, што само беше дополнителна реклама за бендот. На крајот концерот беше дозволен поради интересот на публиката, кој беше дотогаш невиден во Унгарија.

Се полибералната Унгарија во тоа време гледаше концерти на светските ѕвезди како Елтон Џон и Тина тарнер, но сепак јунаците од оваа приказна ги надминаа во продадени карти и нив, организирајќи концерт каков што Будимпешта дотогаш не видела.

Нивната забава не траеше само едно лето – објавија уште четири албуми за Југотон, два достигнаа платинум продажба, а еден златна. Интересот започна постепено да се лади, бидејќи бендот не понуди нешто ново на стилски план, нови решенија, но сепак Југотон успеа да продаде повеќе од две милиони плочи на унгарскиот свадбарски рок бенд.

Бендот е активен и денес. Секако, од таа најпозната постава остана само пејачот Золтан, другите веќе се починати. Минатата година трагично загина и 49-годишниот клавијатурист Золт Војниќ-Туниќ. Сепак, не се откажуваат, ги има насекаде, во јуни настапуваат од Дорослов кај Сомбор до Барсварад во Словачка. Ги чекаат шатори исполнети со публика која пее и игра до изнемоштеност.

И покрај тоа што повторно се квартет, сепак се нарекуваат 3 + 2, или, да се изразиме со зборови, Három plusz dökö. Математиката не им е важна, иако отсекогаш била на нивна страна.

Извор: Index.hr

Најново

Последни колумни