Јарослава Махучих стана првата Украинка која освои злато во скок височина, истовремено соборувајќи го светскиот рекорд стар 37 години.
Махучих скокна два метра и 10 центиметри и го подобри рекордот на Стефка Костадинова од Бугарија, кој изнесуваше два метра и 9 центиметри поставен на Светското првенство во Рим во 1987 година.
Таа изјави дека е горда што конечно ја запиша Украина во историјата на светската атлетика.