ОН алармира за систематско мачење на илјадници заробени Украинци

Повеќе од 95 проценти од ослободените војници биле подложени на тортура во руските затвори, покажуваат податоците на ОН.
Фото: EPA/STRINGER

Повеќе од 16.000 украински цивили и понатаму се наоѓаат во руско заложништво, а Обединетите нации предупредуваат за систематско мачење и малтретирање. Помошничката на генералниот секретар на ОН за човекови права, Клаудија Фуентес Хулио, на состанок на Советот за безбедност истакна дека десетици илјади луѓе се држат во изолација спротивно на меѓународното право.

Тимовите за човекови права на ОН досега разговарале со 910 ослободени украински воени заробеници и 403 цивили. Податоците од овие интервјуа откриваат застрашувачки услови. Дури 95 проценти од војниците и 85 проценти од цивилите потврдиле дека биле изложени на мачење, физичко и сексуално насилство, како и ускратување храна и медицинска нега.

Канцеларијата за човекови права во Женева регистрирала конкретни случаи на ликвидации. Според извештајот, потврдено е погубување на 129 украински воени заробеници веднаш по нивното заробување. Дополнително, документирана е смртта на уште 48 заробени лица кои им подлегнале на повредите и мачењето за време на притворот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс