„Комшилоок“ – прослава на креативноста, изразувањето и единството во Шуто Оризари

Комшилоок е мултимедијален уметнички проект кој има за цел да ја децентрализира културата во Скопје, правејќи подвизи да ги анимира урбаните решенија низ градот, воедно негувајќи го чувството на заедништво. Тоа е фестивал каде што креативноста се среќава со заедницата – калеидоскоп на музика, танц, театар и уметност, овој пат во населбата Шуто Оризари, на улицата Волт Дизни.

„Комшилоок“ вчера повторно ја донесе креативноста и уметноста во малите катчиња на градот, овој пат на улицата Волт Дизни во населбата Шуто Оризари. Фестивалот успеа да ги трансформира неочекувани локации во центри на креативност и инспирација. Вчера уметноста и нејзината убавина ја пронајдовме во најобичните места, на малата уличка во Шуто Оризари меѓу џагорот на нејзините жители.

Џем сешн (jam session) со Емин Џијан ги собра сите оние кои сакаат музика и убава свирка. Спонтаното музицирање без однапред подготвени аранжмани, се претвори во одличен концерт на кој уживаа и гостите и локалното население.

Германскиот визуелен уметник Simon Weckert го претстави неговиот интерактивен мурал „YoU NoW“, кој ја спојува уметност и технологија преку Гугл алатката Google Maps. Оваа иновативна инсталација го поставува муралот директно на Google Maps, осигурувајќи дека заедницата ќе биде проминентно видлива на глобалната платформа. „YoU NoW“ ја предизвикува традиционалната невидливост на маргинализираните области, славејќи ја видливоста на заедницата, правејќи ја нивната присутност невозможна да се игнорира. Делото на Weckert не е обично обележување на мапа, тоа размислува како технологијата може да влијае на нашите реални околности. Како што Google Maps го насочува нашето движење, така и оваа инсталација ја насочува вниманието кон области што често се занемарени, претворајќи ги во симболи на културна присутност и видливост.

Даниел Пикл, АИ/АР креатор од Хрватска, креираше специјални карактери кои оживуваат кога ќе скенирате QR кодови кои беа поставени на неколку локации долж улицата—и сите носат бели ракавици, исто како ликовите со кои сите пораснавме. Овие забавни и интерактивни ликови креирани Пикл не само што не потсетија на нашите омилени ликови од детството, туку беа и одлична можност за децата да се забавуваат и играат. Преку овие дигитални ликови, фестивалот на Волт Дизни вчера донесе носталгија и иновација.

Judith Rautenberg

Делото на Judith Rautenberg ја истражуваше идејата за исполнување на празните простори со светлина и геометриски форми, притоа потсетувајќи нè на основните човечки искуства со светлина и простор. Интерактивната инсталација се менува во реално време, како што ветерот ја движи маглата, создавајќи моменти на видливост и невидливост – совршено вклопувајќи се во темата на фестивалот. Со светлосната видео проекција која постојано се менува, инсталацијата потсетува на заедничката човечка поврзаност и кревкоста на нашето постоење.

Ова издание на фестивалот беше прослава на креативноста, изразувањето и единството. Преку темата „Видливост”, инспирирана од бели ракавици носени од култниот лик на Мики Маус (Mickey Mouse), ко-креиран од авторот Волт Дизни (Walt Disney), Комшилоок уште еднаш ја истакна заедницата која заслужува да биде видена и слушната. Мики Маус е антропорфен глушец креиран пред 96 години, кој најчесто носи црвени панталони, големи чевли и бели ракавици. Во анимацијата, односно во анимираните цртани филмови, белите ракавици се користеле за да ги направат движењата на ликовите поизразени и јасни. Овој фестивал го прифаќа овој симболизам – исто како што ракавиците ги оживеале анимираните ликови и се потруди да ја истакне приказната за креативноста на заедница која живее на улицата Волт Дизни.

Комшилоок е мултимедијален уметнички проект кој има за цел да ја децентрализира културата во Скопје, правејќи подвизи да ги анимира урбаните решенија низ градот, воедно негувајќи го чувството на заедништво. Тоа е фестивал каде што креативноста се среќава со заедницата – калеидоскоп на музика, танц, театар и уметност, овој пат во населбата Шуто Оризари, на улицата Волт Дизни.

„Комшилоок не е само фестивал. Заедно истражуваме нови идеи, поттикнуваме идеи и работиме да создадеме комшилук на кои ќе сме горди, сега, а најважно и во иднинина. Овој фестивал е потсетник на живиот дух на нашата заедница, важноста да се здружиме и радоста да се доживее нешто навистина посебно токму во нашиот сопствен двор. Кој вели дека треба да патувате за да искусите уметност и култура? Комшилоок ја носи магијата на вашиот праг. Заедно трансформираме неочекувани локации во центри на креативност и инспирација. Ќе ја пронајдете уметноста и нејзината убавина во навидум најобичните места, позади зграда, пред влез, на балкон…“ велат организаторите.

Комшилоок е мултимедијален фестивал кој го слави вкрстувањето на уметноста и заедницата, прикажувајќи различни форми на изразување, од визуелни уметности до перформанси во соседството.

Преку социјалниот актвизам, фестивалот има за цел да ги вклучи жителите во значаен дијалог, да инспирира колективна акција и да поттикне чувство на единство и зајакнување во локалната заедница.

Со нетрпение ја очекуваме новата локација на Комшилоок.

Во меѓувреме, галерија од фотографии кои покажуваат како екипата на Трн вчера си помина на Комшилоок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни