Кои региони во Европа имаат најнизок, а кои највисок животен стандард?

Ирска ги предводи регионите со најголема куповна моќ во ЕУ, додека најнискиот стандард е забележан во Бугарија, Романија и Албанија.

Според податоците на Евростат, во рамките на Европската Унија, граѓаните на Ирска во 2023 година имале најголема куповна моќ, додека најнискиот животен стандард е забележан во Бугарија.

Бруто домашниот производ (БДП) по жител, мерен според стандардите на куповна моќ (PPS), во Европската Унија во 2023 година изнесувал 38.100 PPS, што е пораст во однос на 36.000 PPS во 2022 година.

Стандардот на куповна моќ (PPS) е вештачка валутна единица што се користи за реално споредување на економските показатели меѓу државите, бидејќи ги неутрализира разликите во цените.

Најбогати региони во Европа

Ирските региони Даблин (139.500) и Југозапад (137.300) забележале највисоко ниво на БДП по жител во Европа.

Покрај Ирска, куповната моќ далеку над европскиот просек е забележана и во:

  • Париз (126.900 PPS),
  • Луксембург (90.300 PPS),
  • Прага (73.500 PPS),
  • Брисел (72.700 PPS).

Според податоци од 2022 година, германскиот регион Волфсбург имал 136.500 PPS, што исто така е меѓу највисоките во Европа.

Најсиромашни региони во ЕУ

Во рамките на ЕУ, најниски вредности на БДП по глава на жител (коригирано за инфлација) имаат:

  • Бугарските региони Хасково (11.100 PPS) и Силистра,
  • Романскиот регион Васлуј (12.200 PPS),
  • Францускиот прекуокеански регион Мајот (остров во Индискиот океан) – 10.500 PPS.

Најниска куповна моќ во Европа – во Албанија

Албанскиот град Леш (Lješ) има најниска куповна моќ во цела Европа – само 7.200 PPS.

Бруто домашниот производ (БДП) ја претставува вкупната парична вредност на економската активност во една земја за определен временски период и се користи за мерење на економскиот раст и споредба меѓу државите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс