Интернетот се заљуби во стрелачките мајстори од Јужна Кореја и Турција

Фото: Instagram/Olympics

Јужнокорејката Ким Јеџи стана вистински хит на социјалните мрежи по нејзиниот настап на Олимписките игри во Париз. Таа освои сребро во стрелање со воздушен пиштол на 10 метри, додека нејзината сонародничка, 19-годишната О Је Џин освои злато.

Сепак, Ким Јеџи стана ѕвезда откако на социјалните мрежи се појави едно нејзино постаро видео, од натпревар во Азербејџан во мај оваа година, кога таа го собори светскиот рекорд. Во тоа видео, Ким носи капче наопаку и ладно гледа преку очилата за стрелање. Таа останува ладна и смирена по пукањето и само погледнува дека го соборила светскиот рекорд.

Покрај тоа видео, на социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од ЛОИ во Париз на кои Ким една рака ја чува ноншалантно на колковите и на кои се гледа нејзината крпа со слонче.

Ким, за прв пат настапува на Олимписките игри и покрај на 10 метри, во петок ќе се бори за медали и во стрелање со воздушен пиштол на 25 метри.

И додека Ким стана популарна поради нејзиниот ладен израз на лицето и опремата која ја користеше, турскиот стрелец Јусуф Дикец, кој има 51 година го освои интернетот поради некористењето никаква опрема.

Тој исто така освои сребро, а стрелаше облечен во обична репрезентативна маичка и со очила за гледање, без дополнителни стакленца и фокуси, кои се дозволени во стрелањето. Покрај тоа, Дикец не носеше ниту посебна заштита за ушите, а тоа што доби најголем впечаток од корисниците на социјалните мрежи е што Дикец едната рака ја чуваше во џебот.

Ова се петти Олимписки игри за Дикец, кој прв пат настапи во Пекинг во 2008 година, но ова е прв медал за Турчинот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни