Хрватска на дното од групата по поразот од Англија, Далиќ: Не беше толку лошо

Селекцијата предводена од селекторот Златко Далиќ загуби во возбудлив натпревар во кој Англија беше поуспешна, а сега ја очекуваат клучни дуели против Панама и Гана во борбата за пласман во осминафиналето
epa13045398 Marcus Rashford of England (R) scores the 4-2 goal during the FIFA World Cup 2026 group stage match England against Croatia, in Dallas, Texas, USA, 17 June 2026. EPA/JEFFREY MCWHORTER

Хрватската фудбалска репрезентација го отвори настапот на Светското првенство 2026 со пораз од Англија (4:2) и по првото коло се наоѓа на последното место во Групата Л. Селекцијата предводена од селекторот Златко Далиќ загуби во возбудлив натпревар во кој Англија беше поуспешна, а сега ја очекуваат клучни дуели против Панама и Гана во борбата за пласман во осминафиналето

На прес-конференцијата по натпреварот, Далиќ оцени дека резултатот не ја отсликува целосно играта на неговиот тим и порача дека Хрватска останува во игра за пласман во нокаут-фазата. Во меѓувреме, шпанскиот спортски весник Marca објави анализа во која се истакнува дека капитенот Лука Модриќ и голманот Доминик Ливаковиќ биле меѓу најдобрите поединци во редовите на Хрватска и покрај поразот.

Од друга страна, англиските медиуми сметаат дека пристапот на селекторот Томас Тухел бил клучен фактор за победата на Англија. За Хрватска сега нема многу простор за грешки. Победа против Панама би ги вратила „коцкестите“ во трката за второто место, додека евентуален нов кикс значително би ги намалил шансите за пласман во следната фаза на Мундијалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс