Search

Хорор комедијата за деца „Куќата на духовите“ премиерно во Театар за деца и младинци

На сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, на 11 јули, во 20 часот ќе се случи премиерната изведба на претставата „Куќата на духовите“, за првпат кај нас, хорор комедија за деца, наменета за 8+ возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски.

Режисер на претставата е Деан Дамјановски, а драматург Горјан Милошевски.

-Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“. Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели Милошевски.

Костимографијата е на Елена Вангеловска, сценографијата на Филип Коруновски, а музиката на Горан Трифуновски-Пајак.

За актерската изведба се погрижија: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

Најново

Последни колумни