Search

Хит комедијата „Далматинко” гостува во Велешкиот театар

Детската хит комедија ,,Далматинко” во сабота 02.03.2024 година гостува во театарот во Велес со почеток во 12 часот.

02.03.2024 (сабота), почеток 12 часот

„ДАЛМАТИНКО” која е во продукција на Театар ХИТ Скопје 

Автор и режисер: Сашо Ристовски, а во претставата играат:

Бранко Атанасов

Магдалена Ризова-Черних

Сашо Ристовски

Сценограф: Диди

Изработка на костим за Далматинко: Раде Василев

Избор на костим: Диди

Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно.

Децата од Велес и околината ќе узуваат во прубавиот хит за деца ,,Далматинко”.

Најново

Последни колумни