ЕУ подготвува најобемни санкции за Русија досега, најави Калас

Шефицата за надворешна политика Каја Калас најавува нови мерки на есен што ќе ги зголемат санкционираните руски субјекти за една третина.
Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Европската Унија подготвува нов, најголем пакет санкции за Русија од почетокот на војната во Украина, кој треба да биде претставен оваа есен. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, потврди дека мерките директно ќе ја погодат руската воена машинерија и дополнително ќе ја изолираат Москва, со цел да се зголеми економскиот притисок до конечно прекинување на воената агресија.

Новиот пакет што го најави Европската Унија предвидува проширување на црната листа со голем број нови поединци и правни субјекти. Според Каја Калас, по усвојувањето на оваа одлука, вкупниот број на санкционирани руски субјекти веднаш ќе се зголеми за една третина.

Калас за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека претходните казнети мерки веќе и нанеле огромна финансиска штета на Москва, ускратувајќи му на нејзиниот воен буџет износ поголем од еден трилион евра. Сегашниот предлог има цел уште повеќе да ги стегне економските синџири што ја финансираат војната.

Оваа најава доаѓа по одлуката од јули, кога Брисел го одобри претходниот пакет санкции насочен пред сè кон рускиот банкарски сектор и мрежите поврзани со трговија на криптовалути.

Иако точниот датум на влегување во сила и сите специфични детали од новиот пакет сè уште не се официјално објавени, пораката од Брисел е јасна: санкциите ќе се прошируваат сè додека Кремљ не ги прекинат сите воени операции во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс