Џорџ Клуни ќе добие „Златен лав“ за животно дело на Филмскиот фестивал во Венеција

Џорџ Клуни е добитник на „Златен лав“ за животно дело на 83. Филмски фестивал во Венеција, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември.

Американскиот актер, режисер и продуцент Џорџ Клуни ќе биде добитник на престижната награда „Златен лав“ за животно дело на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција.

Уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, го опиша Клуни како исклучително харизматичен и разновиден уметник, истакнувајќи дека со своите улоги секогаш успева да создаде автентични, човечни и привлечни ликови. Според него, неговата харизма одамна ја надминала рамката на филмското платно.

Клуни изјави дека признанието претставува голема чест за него и нагласи дека Венеција е неговиот омилен филмски фестивал, каде низ годините доживеал многу незаборавни моменти.

Во својата повеќедецениска кариера, Клуни се етаблира како една од најголемите холивудски ѕвезди, а светската слава ја стекна со серијата „Ургентен центар“, по што следуваа бројни успешни филмски улоги и престижни награди, меѓу кои и „Оскар“.

Годинашното, 83. издание на Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 2 до 12 септември и повторно ќе ги собере најзначајните имиња од светската филмска индустрија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс