Во централното градско подрачје на Прилеп, во близина на станбена зграда, со недели стои голема количина отпад, а според граѓани, и покрај пријавите до надлежните, досега нема интервенција на терен.
Во центарот на Прилеп, во близина на станбен објект, е забележано натрупување на голема количина отпад, меѓу кој има мебел, комунален смет и различен вид кабаст отпад.
Според информациите, отпадот се фрла директно од терасата на зградата и на истата локација стои повеќе од три недели.
Граѓани велат дека случајот бил пријавен до надлежните институции, меѓу кои и до комуналните служби, но досега не е испратена екипа на терен за расчистување на просторот.
Жителите на овој дел од градот посочуваат дека ваквата состојба не само што го нарушува изгледот на околината, туку може да претставува и здравствен и еколошки ризик, особено поради неподносливиот мирис што се шири од отпадот.
Сега се очекува надлежните служби во најскоро време да преземат мерки и да ја исчистат локацијата.