Купувањето стан во Португалија станува сѐ понедостапно за граѓаните. Според најновите податоци, просечната барана цена на недвижност достигнала 430.500 евра, што за голем број семејства претставува недостижна сума.
Експертите посочуваат дека цените растат поради хроничниот недостиг од станови, високите трошоци за земјиште, изградба, работна сила и административни процедури. Дополнителен ефект имал и државниот програм со кој младите до 35 години можат да купат прв дом вреден до 450.000 евра со државна гаранција.
Меѓународниот монетарен фонд препорача оваа мерка да биде укината, оценувајќи дека ја продлабочува нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката и придонесува за натамошен раст на цените.
Проблем претставува и недостигот од околу 80.000 квалификувани градежни работници, додека поскапувањето на градежните материјали дополнително ја зголемува цената на новите станови.
Најскапиот пазар и понатаму е Лисабон, каде просечната цена достигнува речиси 5.800 евра за квадратен метар. Претставниците на секторот сметаат дека трајно решение е изградба на повеќе станови надвор од најголемите градови, подобра инфраструктура и побрзо издавање градежни дозволи.