Јапонец спиел по 30 минути дневно за да има повеќе време за работа

Јапонецот Даисуке Хори тврди дека изминатите 15 години спиел само по 30 минути дневно за, како што вели, да го удвои времето во денот и да ја подобри ефикасноста на работа.

Хори е 40-годишен претприемач и бодибилдер од Јапонија кој ја подигнал јапонската воркохоличарска култура на повисоко ниво. Јапоснка телевизија го следела Хори три дена за да ја разбере неговата дневна рутина. За тоа време, тој покажал како може да се разбуди енергичен, но со малку сон.

Според него, тој ги тренирал својот мозок и тело да функционираат нормално со малку сон и никогаш да не се чувствува изморено. Тоа што не троши време на спиење, вели, му овозможува секој ден да има повеќе активни часови.

„Се додека се занимавате со спорт или пиете кафе час време пред оброкот, може да спречите поспаност. Луѓето на кои им е потребен постојан фокус во својата раобта имаат повеќе корист од висококвалитетен сон повеќе отколку од долг сон“ вели Хори.

Хори смета дека 16 часа дневно не се доволни за да ги направи сите работи кои сака да ги направи, па поради тоа започнал да истражува и да тренира пократко спиење.

Како и многу други кои зборуваат за неконвенционални стилови на живот, Хори држи предавања за тие кои се заинтересирани да започнат да живеат на сличен начин. Во 2016 година тој го основаше Јапонското здружние за обука за тренирање на краток сон и вели дека им помогнал на преку 2000 луѓе.

Жена која го следела неговото учење вели дека успеала да го намали својот сон на само 90 минути дневно во текот на четири години. И покрај тоа, таа раскажува дека успеала да го задржи и физичкото и менталнто здравје.

Меѓутоа, неговите методи предизвикуваат различни реакции кај луѓето на интернет. Некои го нарекуваат вистински мајстор за управување со времето и се надеваат дека ќе научат од него. Други имаат помалку позитивни зборови за Јапонецот. Тие сметаат дека тој има агресивни ставови и дека ги негира сите мислења кои не се согласуваат со неговото.

Лекарката Фолдвари-Шафер ги советува младите од 14 до 17 години дека треба да спијат помеѓу осум и 10 часа дневно, оние помеѓу 18 и 25 години да спијат седум до девет часа, а тие од 26 до 64 години да спијат седум до осум часа.

„На возрасните им требаат седум до осум часа сон секоја вечер, а не од време на време“ вели таа.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни