Search
“Крива Паланка -град на културата”

Изложба на 50- те најдобри карикатури од 15-то издание на “In Vinica Veritas”

Во Центарот за култура во Крива Паланка, изложени се 50- те најдобри карикатури од 15-то издание на “In Vinica Veritas”, Меѓународниот фестивал за хумор и сатира 2023. Изложбата е се организира во соработка со Домот на култура ,,Тошо Арсов“ од Виница. Темата на 15. издание на конкурсот за карикатура е „Нештата стануват возможни“.

На меѓународниот конкурс учествуваа 224 автори од 46 држави, со вкупно пристигнати 622 карикатури, а во изложбениот простор на Центарот за култура од Крива Паланка поставени се 50 карикатури кои од интернационалното жири беа оценети како најдобри, меѓу кои и трите првонагредени карикатури од автори од Колумбија, Кина и Шпанија.

Преку Дом на култура “Тошо Арсов” и градот Виница изложбата е достапна за паланчани со програмата на манифестацијата “Крива Паланка -град на културата”.

Најново

Последни колумни