Search

Внимание за светскиот ден на културното наследство – Кои се најзначајните споменици на културата?

На светскиот ден на културното наследство екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните – Кои се најзначајни споменици на културата во Скопје, во Македонија, и кое е најважно културно наследство во светот?

Најчесто споменувани одговори за културно наследство на Скопје се Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, но граѓаните ги спомнуваат и Аквадуктот, Скупи, Старата железничка станица, ГТЦ, црквата Свети Спас, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, па и поновите споменици кои не се дел од културното наследство.

Како најважно културно наследство во Македонија граѓаните ги спомнаа Стоби, Самуиловата тврдина, Хераклеја, Канео, манастирот Свети Наум, Плаошник, Кокино, гробот на Тоше Проевски и спомен куќата, Марковите кули, Македониумот…

Како најважно културно наследство во светот граѓаните ги истакнаа: јазикот, пирамидите во Египет, Колосеумот, Статуата на слободата, Кинескиот ѕид, Аајфеловата кула, Кривата кула во Пиза, Мона Лиза, шумата Амазон, споменикот на Исус во Рио де Жанеиро…

Граѓаните даваат интересни одговори и на прашањата „Кога, сте посетиле некој споменик на културата?“ и „Кога последен пат сте биле во музеј?“.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни