Search

Внимание за Mоември: Како мажите почесто да ги прегледуваат тестисите?

На почетокот на секој ноември веќе 20 години се лансира глобалната кампања за машко здравје со слоганот „Movember“ („моември“). Карактеристичен знак на кампањата „моември“ е раснењето мустаќи кај мажите. Затоа првата анкета во ноември на „Внимание, внимание“ ги прашува граѓаните: Зошто мажите пуштаат бркови во ноември? Кога последен пат биле на преглед за простата или тестиси? Зошто ноември го викаат „мовембер“ („моември“)? Доктор за женско здравје е гинеколог, за машко здравје кој би бил? Како мажите да се мотивираат почесто да се грижат за своето здравје?

Дел од граѓаните се свесни за кампањата „моември“, но дел сметаат дека е помодарство, или кампања за машкоста и мажите – а не за подигнување на свеста за здравјето на мажите. Дел од анкетираните се скептични дека мажите можат да се мотивираат повеќе да се грижат за своето здравје, но дел гласно кажуваат: дека е потребна поголема едукација и јавни кампањи, за мажите да не се срамат да отидат на лекар, да ги надминат табуата, да одат редовно на прегледи и контроли, да го надминат стравот што ќе речат другите, а и да бидат охрабрени од нивните партнери.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни