По само седум дена Трамп ја отпушти портпаролката: Искрено, не ти треба ова

По само седум дена, незавршен прв брифинг и признание дека нема правосуден испит, Кејти Захарија ја напушта Белата куќа.
epa13300506 New White House Press Secretary Katie Zacharia delivers her first press conference in the White House Press Briefing Room in Washington, DC, USA, 13 October 2026. Zacharia steps into the role following the departure of Karoline Leavitt in late August. EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, по само една недела на функцијата. Нејзиниот краток ангажман заврши по низа критики во јавноста, дебакл на првиот медиумски брифинг и признанието дека паднала на правосудниот испит. Трамп пред новинарите отворено кажа дека лично ѝ порачал да си замине, тврдејќи дека медиумите постапиле премногу грубо кон неа.

Американскиот претседател изјави пред новинарите пред Белата куќа дека разговарал директно со Захарија за нејзината иднина.

„Ја прашав: ‘Кејти, дали е ова за тебе? Бидејќи искрено, ова не ти треба. Не мора да дозволиш да се однесуваат толку лошо кон тебе’“, рече Трамп. Тој ја опиша како пријатна личност и додаде дека на нејзино место добро би размислил дали вреди да остане под таков притисок.

Трамп ги коментираше и нејзините две последователни гостувања на телевизијата Фокс њуз, каде што таа се обиде да го одбрани својот кредибилитет, жалејќи се на грубиот третман од новинарите.

„Добредојде во светот на Трамп“, додаде претседателот, со што стави точка на нејзиниот мандат.

Проблемите за Захарија започнаа уште на самиот почеток од преземањето на функцијата. Нејзиниот прв официјален брифинг со новинарите траеше помалку од 15 минути, при што одговори на само три новинарски прашања и нагло ја напушти говорницата.

Јавноста и медиумските аналитичари веднаш забележаа несигурност и неподготвеност за водење на една од најизложените прес-служби во светот. Дополнителен удар врз нејзината професионална биографија беше јавното признание дека нема положено правосуден испит, откако претходно беше најавувана како правничка со силни квалификации за комуникација со јавноста.


Случајот со Кејти Захарија не е изолиран инцидент, туку одраз на праксата во администрацијата на Трамп каде што позициите за јавна комуникација носат огромен ризик и брзо трошење на кадрите. За споредба, слична судбина во првиот мандат на Трамп имаше и Ентони Скарамучи, кој беше директор за комуникации само десет дена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс