Судир на товарен воз и автобус во Франција: Најмалку 19 повредени

Несреќата се случила во близина на Кокел, недалеку од Евро тунелот што ги поврзува Франција и Велика Британија. Според локалните власти, никој од повредените не е во животна опасност.

Најмалку 19 лица се повредени во судир меѓу товарен воз и автобус во северна Франција, во близина на местото Кокел, недалеку од Евро тунелот. Информацијата ја потврдија од кабинетот на локалниот префект, а ја пренесе новинската агенција „Ројтерс“.

Според соопштението на префектурата, ниту еден од повредените не е во животна опасност. Меѓу нив е и возачот на автобусот, додека засега не се објавени дополнителни информации за идентитетот на другите повредени или за видот и тежината на нивните повреди.

На местото интервенирале итните служби

Несреќата се случила во близина на влезот во товарниот тунел што ги поврзува Франција и Велика Британија. На местото брзо пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата и хеликоптер.


Надлежните служби ги утврдуваат околностите под кои дошло до судирот. Засега нема официјални информации за причината за несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс